
Tренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази незадоволство по ремито (1-1) на „нероаѕурите“ во натпреварот од четвртото коло на Серија А против тимот на Монца. Овој кикс ги симна шампионите од првото место, каде сега е Наполи.
„Видовме еден безидеен и неубедлив Интер, кој се спаси на крајот против Монца и влегува во тешка недела со причини за размислување. Првите 20 минути беа многу добри, создадовме многу шанси и тогаш требаше да ја искористиме шансата. Потоа бевме бавни во движењето на топката, немавме доволно класа во завршниот удар и можеби требаше да продолжиме да шутираме, наместо да бараме асистенција. Монца се бранеше многу длабоко, а кога се отворивме и напаѓавме со дополнителен напаѓач, примивме одличен гол од Дани Мота. За среќа, успеавме да израмниме и дури имавме можност и да победиме. Разочарани сме, но продолжуваме напред“, изјави Инзаги.
Следниот натпревар на Интер ќе биде голем предизвик, бидејќи шампионот на Италија ќе му гостува на Манчестер Сити во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
„Нероаѕурите“ играа финале во „турнирот на богатите“ токму против „граѓаните“ во сезоната 2022/23.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
