
Еден од лидерите на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, потврди дека е подготвен да остане уште долго во клубот. Ова лето имаше сериозни шпекулации околу иднината на германскиот репрезентативец, со најави дека би можел да прејде во Барселона или ПСЖ.
Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, пред гостувањето кај Холштајн Кил, кое заврши со победа од 6-1, истакна дека 29-годишниот фудбалер ќе биде едно од лицата на тимот и во иднина.
По завршувањето на натпреварот, Кимих потврди дека е подготвен да ја преземе таа улога.
„Секогаш е убаво да ја чуеш поддршката од клубот. Уживам во моментот. Важно е да ги добиваме натпреварите“, изјави играчот за врска.
Договорот на Џошуа Кимих со Баерн Минхен истекува на крајот на сезоната. Двете страни веќе водат преговори за нов договор, и се очекува дека Германецот ќе се согласи да потпише за пониска плата од сегашната.
Кимих е дел од Баерн Минхен од 2015 година, кога беше доведен од Штутгарт. Има одиграно 394 натпревари за Баварците, на кои постигна 42 гола и забележа 104 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
