Connect with us

Брајтон има менаџер вундеркинд: Хурцелер е најдобриот во Премиер – лигата за август

Кога летово Брајтон одлучи да го замени Роберто Де Зерби со релативно непознатиот Фабијан Хурцелер, многумина останаа вчудоневидени. Особено затоа што станува збор за 31-годишен стратег роден во Хјустон со германско потекло, кој го тренираше Сент Паули.

Сепак, само еден месец од стартот на сезоната изгледа дека „галебите” направиле вистински потег, бидејќи Хурцелер беше прогласен за најдобар менаџер во Премиер – лигата за август.

Тој со Брајтон освои седум бода во првите три кола, и тоа не против било кои ривали. Хурцелер го водеше својот тим до победи против Евертон и Манчестер Јунајтед, додека на „Емирати“ ремизираше против Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови