
Легендарниот играч за врска Артуро Видал жестоко го критикуваше селекторот на Чиле, Рикардо Гарека.
Видал, кој своевремено беше меѓу најдобрите светски играчи од средниот ред, го нарече Гарека идиот што не го повика за септемврискиот собир, како и на последната Копа Америка во САД.
„Јас сум играч во најдобриот тим во Чиле, еден од најдобрите 16 во Јужна Америка и лут сум што не сум во репрезентацијата, но тоа е фудбалот“, започна 37-годишниот фудбалер.
„Селекторот Гарека? Изгледа дека гледа само една лига, а тоа е аргентинската. Тој идиот не ги гледа натпреварите од Копа Либертадорес. Гледа само натпревари во Аргентина, истото го прави долго време“.
„Треба да им се заблагодариме на играчите што играат за репрезентацијата, но толку многу млади луѓе се уништуваат. Не ги разбирам неговите одлуки“, додаде Видал.
На Чиле му оди многу лошо во квалификациите за Светското првенство. Во септември ги загубија двата меча од Аргентина со 3-0 и изненадувачки од Боливија со 1-2 на домашен терен.
По осум кола од квалификациите за СП 2026, собраа само пет бода и одењето на Светското првенство веќе може да се смета за неуспешна мисија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
