Лоша вест за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити стигна од ремито на Холандија со Германија (2-2) доцна синоќа. Централниот дефанзивец Нејтан Аке заработи тешка повреда непосредно пред паузата.
Тој беше изнесен на носилки и потоа заменет со Јуриен Тимбер. Сѐ уште не е познато колку долго дефанзивецот ќе отсуствува, бидејќи се очекува да ги мине медицинските прегледи. Првичните прогнози покажуваат дека би можел да пропушти околу еден месец.
Аке беше еден од главните столбови на одбраната на Манчестер Сити минатата година кога забележа 44 настапи со три гола и две асистенции. Од почетокот на оваа сезона, сепак, Гвардиола многу помалку му верува и досега му даде шанса само на еден натпревар во Премиер – лигата како замена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













