
Македонија стави крај на серијата без триумф и со голема победа против Ерменија (2-0) остварена со играч помалку се искачи на првото место во групата од Лигата на нации.
Капитенот Енис Барди постигна фантастичен гол од слободен удар, а по натпреварот беше пресреќен и се заблагодари на публиката за поддршката.
„Ова е една посебна победа. Игравме со играч помалку, но подобривме некои ситници и фала му на Господ дојдовме до победа. Мислам дека е заслужен. Фала на публиката за поддршката. Оваа селекција има многу квалитет, но и посебно квалитетни луѓе, што е многу важно во животот. Лошо ја започнавме сезоната, но може тоа ќе биде клучно за да завршиме први во групата. Зборувавме многу во соблекувалната, ги сфативме и ги прифативме критиките и само така да продолжиме“, изјави Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
