Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, призна дека на неговиот тим и недостасува креативен играч од типот на Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро или Франческо Тоти од минатото, но, од друга страна, тимскиот дух е на многу високо ниво.
„Нашата репрезентација моментално нема играчи со исклучителни вештини како Роберто Баџо, Алесандро Дел Пјеро или Франческо Тоти. Сепак, имаме многу играчи кои имаат различни вештини и се способни да се прилагодат на барањата. Тие се подготвени да се жртвуваат во име на заедничката кауза и да дејствуваат обединети како целина. На натпреварот против Франција минатиот петок, нашите не беа само тим, туку вистински браќа. Ова е клучот за решавање на многу тешкотии“, изјави Спалети за италијанските медиуми.
Селекторот откри дека планира промени во составот за натпреварот од групата 2 на Лигата на нации на УЕФА против Израел во однос на победата над Франција пред три дена.
„Има замор и не можеме да играме со ист состав од натпреварот со Франција. Можеби ќе направиме три или четири промени“, истакна Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













