
Данска ја победи Србија со 2-0 во второто коло од Лигата А на Лигата на нации. Данците го контролираа мечот во Копенхаген и на крајот дојдоа до заслужените три бода. Домашните поведоа со првиот удар во рамката од голот на Предраг Рајковиќ. Алберт Гронбек со неодбранлив удар од далечина ги доведе Данците во водство, а Јусуф Полсен во 61. минута зголеми на 2-0.
По натпреварот српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси истакна дека не е лесно кофа тимот не е комплетен.
„Не е лесно да се одиграат два тешки натпревари во три дена. Станавме во пет часот наутро и дојдовме во Копенхаген, треба да го регенерираме нашето тело. Имавме кадровски проблеми. Знаевме дека ќе биде тешко на физички план. Момците дадоа сѐ од себе, но недостигаше свежина. Не треба многу да критикуваме, ни доаѓаат Данците и Швајцарците. Данска играше со комплетен состав, за разлика од нас. Освен оние кои не дојдоа, имавме и тројца фудбалери кои предвреме заминаа“, изјави Драган Стојковиќ Пикси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
