Италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори поради повреда ќе го пропушти натпреварот од второто коло од Лигата на нации против Израел, пренесува „Скај Спортс“.
Тој пред два дена ја повреди потколеницата на натпреварот против Франција кој Италијанците го добија со 3-1 во Париз и поради тоа беше заменет во 71. минута.
Стручниот штаб на италијанската репрезентација одлучи младиот фудбалер превентивно да го пропушти дуелот со Израел, па тој веќе замина во Лондон на дополнителни прегледи во Арсенал, во кој летово се пресели од Болоња.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement