
Италијанскиот калчолигаш Милан е подготвен да му понуди продолжување на договорот на францускиот голман Мајк Мењан, пренесува „Газета дело Спорт“.
Мењан (29) во Милано пристигна во 2021 година од Лил, а за „росонерите“ настапи на 113 натпревари.
Голманот на француската репрезентација има договор со италијанскиот клуб до јуни 2026 година.
Челниците на Милан се задоволни од формата на Мењан, кој моментално во италијанскиот клуб заработува 3,2 милиони евра по сезона.
Италијанските медиуми пренесуваат дека претставниците на Милан планираат да започнат преговори со францускиот голман и неговите агенти околу продолжување на договорот и зголемување на платата во наредниот период.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski