Фудбалската репрезентација на Македонија со реми (1-1) против Фарски Острови во Торшавн го отвори новото издание во Лигата на нации. Примивме гол од пенал во деветтата минута, но на почетокот на вториот дел и капитенот Енис Барди постигна гол од пенал за израмнување. Недостигаше погодок за триумф, а најубавата шанса не ја искористи Ќамили во 70.минута.
„Не може да бидам задоволен од резултатот, но противникот е незгоден. Не можеме да се пожалиме на временските услови за игра. Првиот натпревар е секогаш тежок, можеби и најтежок во оваа група. За два дена ни следи Ерменија и најважна ни е крајната цел, а тоа е првото место во групата“, изјави селекторот Милевски.
„Не сум задоволен од првото полувреме, не можам да бидам задоволен и од дебитантите Митровски и Иљазовски и затоа ги заменив на полувреме. Од реакцијата во вториот дел сум позадоволен. Ме загрижува тоа што денеска не видов доволна емоција кај одредени фудбалери. Со таква емоција не може да се игра за Македонија. Потенцирав дека дуел играта на домашните фудбалери е силна страна, можете да ги превенирате, но не и да ги предвидите. Кога не реализирате такви шанси како нашите попладнево, што би коментирал. Самите фудбалери повеќе од сите нас сакаа да постигнат погодок“.
Македонската експедиција вечерва се враќа во Скопје и од утре ќе се насочи кон дуелот против Ерменија на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













