Connect with us

Французите први славеа, но „аѕурите“ последни се смееја (ВИДЕО)

Италија потсети на деновите кога беше европски првак славејќи против Франција на „Паркот на принцовите“ со 1-3 во воведниот меч од новото издание во Лигата на нации.

Франција поведе по само 14 секунди со голот на Бредли Баркола, по големата грешка на Ди Лоренцо. Но, Италија израмни со прекрасниот гол на Димарко во 30.минута.

Во вториот дел, Давиде Фратези се погрижи за пресврт во 51.минута, а триумфот на Италија во Париз го потврди Џакомо Распадори во 74.минута.

Белгија го победи Израел со 3-1. Кевин де Бруин беше двоен стрелец, а погоди и Јури Тилеманс, додека Кастањ си постигна автогол.

Во групата Б, Исланд ја победи Црна Гора со 2-0, а Словенија и Австрија одиграа 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови