Александар Митровиќ, фудбалерот кој наводно поради повреда не настапува за репрезентацијата на Србија, иако се шпекулира дека има проблеми со селекторот Драган Стојковиќ, бидејќи тренира без проблеми за својот тим Ал-Хилал, се огласи на инстаграм по ремито на српската репрезентација против Шпанија.
Тој упати мистериозни пораки, кои се смета дека се упатени кон селекторот.
„Можеш многу да научиш кога си тивок и гледаш“, беше првата порака на Александар Митровиќ, а брзо следеше уште една.
„Изградено, а не купено. Заработено, а не дадено. Се „гризеше“, а не се даваше. Различно, а не просечно“, напиша Митровиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski