Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ по ремито со европскиот првак Шпанија истакна дека неговиот тим одиграл брилијантно на тактички план.
„Сѐ што направивме вечерва, го направивме на одличен начин. Се обидовме да одиграме најдобро што можеме во тактичка смисла, го турнавме тимот да може да одговори на тој стил на игра што е познат во шпанската репрезентација. Мислам дека момците навистина покажаа неверојатна тактичка дисциплина, затоа што не се остварува добар резултат против моќен тим како што е Шпанија без да трчате и само да глумите пресинг“, изјави Пикси.
Тој е воодушевен и од младите играчи кои дебитираа за репрезентацијата.
„Драго ми е што младината ми покажа како да сметам на неа, мило ми е што видов огромна желба кај секој играч. Имавме тројца дебитанти, а најважно е дека видовме дека храбра Србија“, рече Стојковиќ.
Тој се заблагодари и за поддршката од јавноста.
„Би бил благодарен за големата и искрена поддршка на „Маракана“, затоа што препознаа една голема желба, една жртва, фудбалерите истрчаа многу километри и некако овој резултат против Шпанија е позитивен. Тие тоа го заслужија“, изјави Стојковиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













