
Фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир, позајмен од Севилја, е уапсен поради сексуален напад.
Медиумите во Шпанија јавуваат дека пред два дена го пријавиле две девојки кои биле во неговата куќа.
Покрај Мир, уапсен е уште еден маж кој бил со нив.
Девојките го пријавиле сексуалниот напад во полиција, по што заминале на лекарски преглед.
„Во врска со медиумските извештаи кои се појавија во врска со апсењето на фудбалерот на Валенсија, Рафа Мир, ве известуваме дека клубот е запознаен со споменатото апсење. Во отсуство на детали за тоа, клубот засега може само да потврди дека ќе соработува во сѐ што бара правдата“, објави Валенсија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
