
Вардар е последен на табелата по четири одиграни кола, а веќе „потроши“ и двајца тренери. После Горазд Михајлов, оставка дава и Горан Петрески – Чунга.
Ден по шокантниот пораз од екипата на Воска Спорт од 1-3 , шефот на стручниот штаб на Вардар, Горан Петрески, заедно со своите помошници ја презедоа одговорноста за двата последовни порази и поднесоа неотповиклива оставка, заблагодарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.
„Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овојпат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати“, изјави Горан Петрески.
За петтото коло, Вардар ќе има трето решение за тренерската позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Башкими го доведе и Фарук Бихорац

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
