Англискиот премиерлигаш Челси ќе направи уште еден обид да го доведе напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Во следните часови, клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе испрати своја понуда до „партенопеите“, иако во меѓувреме, Наполи веќе постигнал договор со Ал-Ахли за 65 милиони евра плус бонуси за Осимен.
Сепак, засега Нигериецот одбива да прејде во саудискиот клуб.
Во Англија се појавија информации дека Челси започнал преговори и со Брентфорд за напаѓачот Иван Тони, кој исто така се поврзуваше со Ал-Ахли.
Како што е познато, Наполи и Челси веќе склучија договор за еден напаѓач, Ромелу Лукаку, кој се очекува да пристигне денеска на медицински прегледи во Неапол. Исто така, утре се очекува и Скот Мектоминеј од Манчестер Јунајтед да го комплетира својот трансфер во Неапол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













