Дани Олмо имаше фантастично деби за Барселона, откако го постигна победничкиот гол во триумфот (1-2) на гости против Рајо Ваљекано.
Тоа беше деби од соништата, а Барселона ја прекина клетвата на „Ваљекас“.
„Сакам да го посветам овој гол на моето семејство. Нема подобар начин за деби. Се чувствувам прекрасно. Бев подготвен да играм и го чекав овој момент многу долго. Секогаш се обидувам да постигнам голови или да создадам шанси. Јас сум офанзивен играч и можам да играм каде што ќе ме постави тренерот. Од моментот на трансферот со нетрпение го очекував моето деби. Се чувствував многу добро физички на теренот. Тимот не победил на овој стадион многу години и среќни сме што го направивме тоа“, изјави Олмо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













