ФК Скопје го декласира Гостивар во големата пресметка на Западот, а единствено Велешта го следи чекорот. На Истокот, Брегалница подобра од Кит Го, а Тиквеш во дуел со многу голови ја совлада Слога Виница. Кожув беше подобар од Росоман.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 15.коло во вторите лиги.
1. ДАВИД ДЕНКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Сигурен на голот на штипскиот тим, се што доаѓаше како закана од Кит Го кон неговиот гол мирно го скроти.
2. БОРЈАН ПАНОВСКИ (ТЕТЕКС)
Одличен во дефанзивните задачи, брз и бескомпромисен во дуелите.
3. ДИНО НАЈДОСКИ (СКОПЈЕ)
Интелегентни решенија во одбраната, сигурен и корпулентен во дуелите со напаѓачите на Гостивар.
4. БОЈАН ЃОРГИЕВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Активен по десната странична позиција, константен во текот на целиот натпревар.
5. ЉУПЧО ЈАНКУЛОВ (КОЖУВ)
Младост и желба за надигрување, тркачки одлично подготвен, успеа да постигне и погодок на дуелот против Росоман.
6. ЃОРЃИ МОЈСОВ (ТИКВЕШ)
Организатор на играта на Тиквеш, но редовно се запишува и меѓу стрелците. Постигна погодок и во триумфот против Слога Виница.
7. ДАРКО ДОДЕВ (БРЕГАЛНИЦА)
Двоен стрелец за Брегалница на дуелот со Кит Го, незадржлив за противничките фудбалери.
8. ДАРКО ЃУРЧИНОВСКИ (СКОПЈЕ)
Двоен стрелец за ФК Скопје во дербито на колото против Гостивар, прикажа одлична игра.
9. ИЗЕТ АЈРУЛАХУ (СКОПЈЕ)
Им создаде многу мака на дефанзивците на Гостивар, успеа да се запише и во листата на стрелците.
10. АЛТИН ЛОГА (ВЕЛЕШТА)
Велешта е хит во Втората лига Запад, го следи Скопје на врвот на табелата, а тимот на плеќи го носи Алтин Лога. Тој беше стрелец на победничкиот гол и на гостувањето против Дрита.
11. СТОЈАНЧО ВЕЛИНОВ (ОСОГОВО)
Тој има прволигашки потенцијал, искуство и понекогаш умее да потсети дека беше голем талент. Одигра одличен натпревар за Осогово против Победа.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЉУПЧО МАРКОВСКИ (ФК СКОПЈЕ)
Ја доби големата битка против Гостивар и тоа доминантно, на убедлив начин. ФК Скопје обезбеди значителна предност на врвот на табелата во Втората лига Запад и игра одличен фудбал. Офанзивно, со изразена желба за погодок, квалитетно во средниот ред, со потребната цврстина во одбраната.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski