
Арсенал е новиот фаворит за потписот на Виктор Осимен, тврди „Кориере дело Спорт“. Изданието пишува дека „топчиите“ се подготвени да понудат 100 милиони евра за голгетерот на Наполи.
Во декември минатата година Осимен го обнови својот договор, и во него беше вклучена откупна клаузула во вредност од 130 милиони евра, но во овој момент нема клуб кој е подготвен да ја плати таа сума.
Челси и Пари Сен Жермен веќе се откажаа од намерата да го ангажираат Нигериецот, но Арсенал продолжува да го следи.
Осимен не покажуваше желба да премине во Челси, бидејќи „сините“ нема да учествуваат во Лигата на шампионите, но со задоволство би се преселил во Арсенал.
Наполи се надева дека ќе ја продаде својата ѕвезда што е можно поскоро, за да ги инвестира добиените пари во нови засилувања.
Минатата сезона Осимен го мачеа повреди, но и покрај тоа постигна 15 голови во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
