
Милан бара 175 милиони евра од Барселона за трансферот на нивниот напаѓач Рафаел Леао, според „Газета дело Спорт“. Оваа сума е условена со клаузулата која е активирана по 15 јули, а како што „росонерите“ не сакаат да се разделат со својата ѕвезда ова лето, таа сума е неопходна за тој да го напушти „Сан Сиро“.
Според извори од Каталонија, Барселона не може да си дозволи дури ни половина од оваа сума, што го прави трансферот на играчот практично невозможен во овие услови.
Во минатата сезона, 25-годишниот Рафаел Леао одигра 47 натпревари за Милан во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и 14 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski