Динамо Загреб на домашен терен го победи Карабах со 3-0 и направи голем чекор кон пласман во групите од Лигата на шампионите. Стефан Ристовски се повреди по само дваесетина минути и го напушти теренот, но неговите соиграчи одлично ја завршија работата.
Пјаца во 29. минута го отвори резултатот, а во второто полувреме Куленовиќ уште двапати ја затресе противничката мрежа.
Црвена Звезда загуби со 2-1 од Бодо/Глимт во Норвешка, но има реални шанси да ја надомести таа негатива на реваншот во Белград.
Сите три гола паднаа во второто полувреме, Боде преку Бјортуфт и Мата поведе со 2-0, а погодокот за „црвено-белите“ го постигна Мимовиќ во 75. минута.
Во третиот натпревар, Лил ја победи Славија Прага со 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













