Connect with us

Повредата на Станишиќ го запали алармот во Баерн Минхен

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ќе биде надвор од терените во наредните неколку недели поради повреда на коленото. Хрватскиот репрезентативец претрпел повреда за време на тренинг, а клубот потврди дека станува збор за делумно кинење на вкрстените лигамент, по што итно е опериран.


Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, откри дека периодот за рехабилитација на Станишиќ ќе трае неколку недели.

Станишиќ, кој има 20 настапи за хрватската репрезентација, минатата сезона ја помина на позајмица во Баер Леверкузен, каде што освои титула и Куп на Германија.


Дополнително, новото засилување во одбраната на Баерн, Хироки Ито, ќе ги пропушти првите недели од сезоната, а Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи беа продадени на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови