Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен очигледно не се разделиле на пријателски начин.
Француските медиуми денес откриваат дека Мбапе се заканил со тужба доколку не му бидат исплатени бонусите за лојалност, кои му останале неисплатени според договорот.
Наводно, Мбапе бара 55 милиони евра предвидени со договорот со ПСЖ, кои се однесуваат на последната третина од бонусот за потпишување на договорот (36 милиони евра бруто), кои играчот требало да ги добие во февруари, како и последните три месеци плата од неговиот договор (април, мај, јуни), заедно со „етичкиот бонус“ за тие три месеци, пренесува „Л’Екип“.
Мбапе ги презел првите чекори и се обратил до правниот комитет на Француската професионална фудбалска лига (LFP) и го чека нивниот одговор пред да оди на суд. Изворите пишуваат дека ПСЖ би можел да се соочи со големи проблеми и потенцијални санкции доколку не ги исплати заостанатите долгови.
Иако се шпекулира дека Лига 1 би можела да ја забрани регистрацијата на нови играчи за ПСЖ, се верува дека тоа нема да се случи, туку дека ова е само начин на кој Мбапе ја покажува својата моќ.
Французинот ја информирал и УЕФА, па можно е ПСЖ да има проблеми и со настапот во Лигата на шампионите, доколку не ги испочитува финансиските обврски кон својот поранешен фудбалер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski