
Англискиот премиерлигаш Челси е подготвен да го продаде Рахим Стерлинг на Јувентус, но само за доволно добра трансферна сума, објавува „Скај Спортс“. 29-годишниот офанзивен фудбалер има пазарна цена од 35 милиони британски фунти, но раководството на клубот ќе бара повеќе пари.
Менаџерот Енцо Мареска не го вклучува крилниот напаѓач во своите планови за оваа сезона. Во моментов, единствениот проблем за „бјанконерите“ е неговата висока неделна плата, бидејќи имаат буџетски ограничувања и не можат да си дозволат да плаќаат толку високи примања на своите играчи.
Стерлинг беше изоставен од тимот за натпреварот во кој Челси загуби од Манчестер Сити со 0-2 во вчерашниот дуел од првото коло на Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
