
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, го одигра својот натпревар „број 100“ во дресот на „граѓаните“ против Челси (0-2). Тој го постигна првиот гол и сега има импресивни 91 гол за Сити.
Норвежанецот изјави дека е задоволен од успехот, иако тимот сè уште не е во перфектна кондиција. Покрај тоа, тој се пожали на Енцо Фернандез, кој постојано го „малтретирал“ за време на натпреварот.
„Цело време ме газеше, ме буткаше и правеше што ли уште не. И не само тој. Не знам што сакаа од мене, но решија да се однесуваат на тој начин. Ние штотуку ја освоивме Премиер – лигата, па сега играме натпревар по натпревар. Остануваат уште 37 натпревари. Ние сме шампиони и сега го победивме само првиот натпревар во сезоната. Апсурдно е колку брзо се случуваат работите. Ова е мојата трета сезона тука. Среќен сум, особено по оваа победа. Ова е нашиот прв натпревар во кој сите повторно сме тука. Не сме во перфектна кондиција, но покажавме солидна игра. Останавме мирни и ја игравме нашата игра“, изјави Халанд.
„Освоивме три бода и запишавме совршен старт. Првиот натпревар секогаш е тежок за сите, без разлика дали си учествувал во подготовките или не. Јас бев за време на подготовките, но не се чувствувам перфектно. Затоа беше важно да ја запишеме оваа победа. Кај голот знаев што треба да направам и затоа успеа толку добро. Се сеќавам дека минатата година овој голман имаше неверојатни одбрани против мене. Затоа сметам дека сега постигнав совршен гол. Најдобрите играчи се најдобри во лесните изведби. Да ја сопрам топката со левата нога и да упатам удар со десната. Гвардиола постојано ми го повторува тоа. Сакам повеќе да учествувам во играта, а тоа го сака и Пеп. Сакам да му помогнам на тимот, за останатите да бидат во подобри позиции. Да осигурам уште еден метар простор за нашата „десетка“ Бернардо Силва со тоа што ќе ги раздвижам централните дефанзивци“, додаде напаѓачот на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
