
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше бесен поради ремито 1-1 со Мајорка на стартот на сезоната во Ла Лига. Специјалистот не е задоволен од настапот на својот тим и изјави дека очекува да види подобра игра на наредните мечеви.
„Почнавме добро, но во целост не одигравме добар натпревар. Мораме подобро да се браниме, да имам повеќе баланс во нашата игра. Веќе реков дека имаме напаѓачка моќ, но ни треба повеќе баланс. Дали задоцнив со измените? Можеби, но не сакам да ја коментирам таа тема. Изгубивме два бода. Минатата година имаше моменти кога бев задоволен од некои ремија, но сега не е таков случај. Можевме да се претставиме многу подобро, со повеќе карактер. Не барам оправдувања. Мораме да учиме од вакви натпревари. Јасно е каде е проблемот“, изјави Анчелоти.
Тој го коментираше и настапот на Мбапе, кој во второто полувреме повеќе делуваше по левата страна.
„Не, не го преместив лево. Нашите напаѓачи понекогаш ги менуваат позициите, зависно од текот на натпреварот. Минатата сезона не правев многу промени во составот, но кога ќе започне Лигата на шампионите, сигурно ќе има повеќе ротации. Во одбраната не стоевме добро. Имавме проблеми со пресингот откако ќе ја изгубевме топката. Мораме да го подобриме тоа. Станува збор за став и колективна игра. Проблемот е што играме премногу отворено. Мораме да бидеме поконцентрирани. Проблемот не е ниту физички, ниту психолошки“, додаде тренерот на Реал Мадрид.
„Ќе морам да ги натерам играчите да размислуваат на ист начин. Кога ќе ја освоиме топката, треба да размислуваме како да ја изнесеме напред. Може да кажете дека проблемот е кај напаѓачите, но всушност тој може да се однесува и на дефанзивците и на средниот ред. Ова не е проблем само на еден или двајца играчи. Проблемот е на целиот тим, кој во овој натпревар не сфати дека тоа е клучот за победата. Мајорка одигра одличен натпревар во одбраната. Ремито е праведно“, заврши Италијанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
