
Во Аталанта се непријатно изненадени откако нивниот напаѓач Адемола Лукман посака да биде отстранет од тимот за денешниот дуел со Лече во првото коло од Серија А, пренесуваат медиумите во Италија.
Причината за овој потег на нигерискиот интернационалец е тоа што тој се надева дека ќе се пресели во Пари Сен Жермен. Францускиот шампион сѐ уште не ја доставил својата понуда, но се очекува тоа да го сторат наскоро.
Заминувањето на играчот што постигна хет – трик во финалето на Лига Европа оваа година е дополнителен удар за амбициите на Аталанта, откако уште една ѕвезда, Тун Копмајнерс, исто така не е во тимот за претстојниот натпревар бидејќи инсистира да биде продаден на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski