Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Гонсало Рамош, ќе биде отсутен од терените околу три месеци поради повреда на скочниот зглоб, објави денес францускиот клуб.
Како што се наведува, Рамош доживеал сериозно истегнување на лигаментите на левиот скочен зглоб за време на натпреварот против Ле Авр (1-4) во петокот.
Португалскиот 23-годишен играч ќе биде подложен на операција во наредните денови.
Рамош минатата сезона потпиша договор со Пари Сен Жермен, по успешната позајмица од Бенфика. Тој требаше да биде главниот напаѓач на Пари Сен Жермен оваа сезона по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













