Илкај Гундоган, фудбалерот за врска на Барселона, би можел да се врати во англискиот шампионат, открива „Скај Спортс“. Наводно, играчот стапил во контакт со раководството на Манчестер Сити за да разговараат за можен трансфер назад на „Етихад“.
Гундоган е подготвен да ја напушти Барселона и веќе ги информирал претставниците на клубот за својата одлука. Сепак, тренерот Ханс Флик изјави дека играчот најверојатно ќе остане во клубот.
Минатата сезона 33-годишниот играч од средниот ред одигра 51 натпревар за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и остварувајќи 14 асистенции.
Неговиот договор со Барселона е со важност до летото 2025 година.
Гундоган играше за Манчестер Сити од 2016 до 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













