Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, изразил желба да остане во клубот и да се бори за својата шанса да игра. Од друга страна, Баерн го засилува притисокот врз него за да го убеди да премине во друг клуб до крајот на летниот трансферен период. Горецка наводно изјавил дека ќе замине на зима, само доколку има мала минутажа оваа есен.
Горецка е разочаран од статусот во Баерн, но останува професионалец и продолжува напорно да тренира, што било потврдено и тренерот Винсен Компани.
Минатата сезона Горецка одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна шест гола и забележа 11 асистенции.
Неговиот тековен договор со клубот трае до летото 2026 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski