Челниците на Манчестер Сити планираат да го наградат Родри за неговите одлични игри во последните сезони со нов договор. Според информациите од Островот, од „Етихад“ му понудиле нов петгодишен договор со неделна плата од 375.000 фунти. На тој начин, шпанскиот репрезентативец ќе се израмни со најдоброплатените играчи на тимот, Кевин де Бруин и Ерлинг Халанд.
Актуелниот договор на Родри е на сила до летото 2027 година, но управата на „граѓаните“ сака да го обезбеди неговото присуство за подолг период и да ги одбие сите заинтересирани клубови.
Родри беше избран за најдобар играч на Европското првенство, а сонародникот Дани Карвахал неколкупати призна дека се обидел да го убеди да се приклучи на Реал Мадрид.
Од „Етихад“ планираат слични разговори и со Халанд, кој веќе влезе во третата година од својот петгодишен договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













