Баер Леверкузен е победник на Суперкупот на Германија, откако на пенали го совлада Штутгарт со 4-2. По регуларниот тек, мечот заврши 2-2, првакот се спаси во 88.минута од пораз со голот на Патрик Шик, а играше со фудбалер помалку од 37.минута поради исклучувањето на Мартин Терие.
На пенали, Храдецки го одбрани ударот на Крациг, а Силас шутираше над голот, па Баер Леверкузен славеше со 4-2.
Виктор Бонифејс во 11.минута донесе водство за Баер, но четири минути подоцна израмни Енцо Милот.
Пред крајот на првиот дел Баер Леверкузен остана со фудбалер помалку, а Дениз Ундав тоа го искористи во 63.минута. Сепак, Баер Леверкузен не се предаде и со играч помалку, а Патрик Шик донесе израмнување во 88.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













