Јусуф Фофана потпиша за Милан и стана четврто засилување на овој клуб во летниот преоден рок. Тој и официјално ги помина медицинските прегледи, а договорот што го потпиша е на четири години со можност за дополнителна година.
Фофана ќе заработува 3 милиони евра годишно, а трансферот ги чинеше „росонерите“ 25 милиони евра.
Милан долго време го посакуваше овој играч од средниот ред кој доаѓа од Монако, Манчестер Јунајтед се вклучи во борбата, но на крајот тимот од Милано беше поуспешен и успеа да го доведе на „Сан Сиро“.
Овој стандарден репрезентативец на Франција има 25 години и досега има играно за Стразбур и за Монако.
🚨 BREAKING! BREAKING! 🚨
— AC Milan (@acmilan) August 17, 2024
There's a new addition to the Rossoneri 🆕#DNACMilan #SempreMilan
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski