Connect with us

Милнер ја почна 23. сезона во Премиер – лигата и испиша историја

Брајтон ја започна новата сезона во Премиер – лигата со победа против Евертон, а фудбалерот на „галебите“, Џејмс Милнер, влезе во историјата на англискиот фудбал.

Универзалецот, роден пред 38 години, ја започна својата 23-та сезона во Премиер – лигата и стана рекордер во, според многумина, најсилното фудбалско натпреварување на планетата.

Милнер дебитираше во Премиер – лигата сега веќе далечната 2002 година во Лидс Јунајтед, а потоа ги бранеше боите на Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и од минатата сезона на Брајтон.

Милнер трипати бил шампион на Англија, двапати со Сити и еднаш со Ливерпул. Има одиграно 634 натпревари во Премиер – лигата и ефект од 55 голови и 87 асистенции.

Колку е искусен и легендарен играч Џејмс Милнер најдобро илустрира податокот дека неговиот сегашен менаџер во Брајтон, Германецот Фабијан Хурзелер, имал само девет години кога Англичанецот заиграл во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови