
Доаѓањето на Жозе Мурињо ги воодушеви сите навивачи на Фенербахче, а дури ни елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите не ги разниша Турците во нивните напори да создадат уште подобар тим.
Шпанските медиуми веќе ја пренесуваат информацијата дека најновата желба на „Специјалниот“ е фудбалерот на Барселона, Ансу Фати (21), на кого Ханси Флик не смета оваа сезона.
Офанзивецот роден во Гвинеја Бисау заблеска во дресот на каталонскиот гигант пред четири години кога за првпат се појави во сениорскиот тим, а следната година дури го доби и познатиот дрес со број „10“ кој претходно го носеше Лионел Меси.
Но, оттогаш како да почна сѐ да му оди надолу, бидејќи повредите често го исклучуваа од конкуренцијата за тимот, па Барселона одлучи да го прати на позајмица во Брајтон, каде минатата сезона постигна четири гола во 19 настапи.
Ансу Фати веројатно нема да остане во Барселона ниту оваа сезона, а освен Фенербахче се споменуваат и Севилја, Олимпик Марсеј и Вулверхемптон како потенцијални дестинации. Жозе Мурињо сака да го доведе во Фенербахче.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
