Connect with us

Вест Хем сака да го купи и Карлос Солер од ПСЖ

Англискиот премиерлигаш Вест Хем е заинтересиран за фудбалерот за врска на на Пари Сен Жермен, Карлос Солер. Новиот менаџер Хулен Лопетеги, сака да го направи Солер деветто ново засилување, откриваат медиумите на Островот.

Лопетеги, кој е поранешен менаџер на Вулверхемптон во Премиер лигата, веќе потроши 130 милиони фунти за да донесе играчи како Макс Килман, Никлас Фулкруг, Арон Ван-Бисака и Кришенсио Самервил, но очигледно не завршил со своите намери да го засили тимот.

Еден од фудбалерите кои најверојатно ќе си заминат е минатогодишниот капитен Курт Зума. Францускиот дефанзивец моментно е во Дубаи и таму преговара со нов заинтересиран клуб, откако трансферот во Шабаб Ал Ахли пропадна поради неуспешни медицински тестови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови