
Бразилскиот интернационалец Вилијан го напушта Фулам по две години поминати во клубот од Премиер – лигата, соопшти 36-годишниот фудбалер. Поранешниот играч на Арсенал и на Челси потпиша едногодишно продолжување на договорот со Фулам пред почетокот на минатата сезона, кој веќе истече.
Британските медиуми го поврзуваат со преселба во Саудиска Арабија.
„Би сакал да му се заблагодарам на Фулам за прекрасните две години. Беше посебно да се вратам во Премиер – лигата и да бидам дел од овој историски клуб и неверојатните навивачи. Имав неверојатни моменти и овој клуб секогаш ќе биде во моето срце“, истакна Вилијан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
