Њукасл испрати нова понуда до Кристал Палас за централниот дефанзивец Марк Гуехи. Според медиумите на Островот, најновата понуда се приближува до минималната сума од 65 милиони фунти, која ја бара Кристал Палас.
Се очекува многу работи да бидат познати во текот на викендот, околу трансферот на Марк Гуехи во Њукасл.
Ако се постигне договор, тоа ќе биде рекорден трансфер за Њукасл, надминувајќи ја сумата од 60 милиони фунти платена за Александер Исак, кој досега е најскапата аквизиција во историјата на клубот.
Продажбата исто така би била рекордна и за Кристал Палас, надминувајќи ги оние 50 милиони фунти што ги добија од Манчестер јунајтед за Арон Ван-Бисака во 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













