Шпанскиот репрезентативец Микел Мерино го избра Арсенал пред Барселона и Атлетико Мадрид и се очекува неговиот трансфер на „Емирати“ да биде брзо комплетиран.
Арсенал ќе го добие играчот за значително пониска цена од неговата проценета вредност од 50 милиони евра. Причината е што неговиот договор со Реал Сосиедад истекува следното лето, а клубот би можел да го изгуби без надомест ако почека до јануари.
Мерино ќе биде одлично засилување за тимот на Микел Артета кој бара нов играч во средниот ред.
Арсенал утре ја стартува новата сезона во Премиер – лигата со дуел против Вулверхемптон на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













