
Фиорентина го купува крилниот напаѓач на Џенова, Алберт Гудмундсон. Се очекува Исланѓанецот да прејде на „Артемио Франки“ на позајмица за околу 8 милиони евра, а во договорот ќе има задолжителна клаузула за откуп во вредност од 17 милиони евра. Дополнително, ќе бидат вклучени и 3,5 милиони евра во форма на бонуси, со што вкупната сума на трансферот ќе изнесува околу 28 милиони евра.
Овој трансфер ќе предизвика домино ефект, бидејќи ќе „откочи“ уште две зделки во Серија А. По трансферот на Гудмундсон во Фиорентина, клубот ќе му дозволи на Николас Гонзалес да замине кон Јувентус. И тука трансферот ќе биде позајмица со опција за откуп за вкупна сума од околу 30 милиони евра.
Во исто време, се очекува Џенова брзо да најде замена за Гудмундсон, со тоа што најверојатно ќе го ангажира Андреа Пинамонти од Сасуоло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
