Манчестер Јунајтед не се откажал од идејата да го доведе во тимот играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Не е тајна дека холандскиот репрезентативец е миленик на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, кој сака да го има во својот состав.
Поради тоа, раководството на клубот се обидува да го исполни ова негово барање.
Според каталонскиот „Спорт“, Манчестер Јунајтед веќе испратил понуда до Барселона во вредност од околу 50 милиони евра, која била одбиена. Сепак, тоа нема да ги спречи „црвените ѓаволи“, кои ќе подготват нова понуда што ќе биде претставена во наредните денови.
Во моментот, еден од приоритетите на Јунајтед е засилување на средниот ред на тимот, а Де Јонг е на врвот на листата на посакувани играчи. „Црвените ѓаволи“ се обидоа да го доведат и минатото лето, но не успеаја. Сега веруват дека шансите за договор се многу поголеми.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski