
Челси има желба да му понуди нов договор на напаѓачот Николас Џексон. Клубот е задоволен од 23-годишниот Сенегалец и сака да го обврзе на долг рок, пишуваат медиумите на Островот.
Пред неколку дена „сините“ веќе го продолжија договорот на Кол Палмер и сега планираат да го направат истото и со уште еден играч во офанзивната линија.
Џексон пристигна на „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Вилјареал за 37 милиони евра. Иако на почетокот имаше некои потешкотии со адаптацијата, постепено успеа да ги покаже своите квалитети и ја заврши сезоната со 17 голови и шест асистенции во 44 одиграни натпревари.
Клубот е задоволен од напаѓачот и го гледа како играч кој ќе го води нападот на тимот долги години. Токму поради тоа се подготвени да му понудат нов договор. Неговиот сегашен договор е до 2031 година, но лондончани сакаат да го продолжат за уште две години, до 2033 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
