Маурисио Покетино се враќа на работа, бидејќи ги договорил сите услови за да биде нов селектор на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Аргентинецот ја прифатил понудата од американската федерација, со главна цел да ја предводи силната генерација на Светското првенство во 2026 година, на кое САД ќе биде домаќин заедно со Канада и Мексико.
Покетино не доби доволно примамливи понуди од Европа, па реши да прифати нов и нималку лесен предизвик.
Фудбалот во Америка е во сериозна експанзија, особено откако на сцената се појави Интер Мајами на Бекам, предводен од Лионел Меси и неговата дружина од Барселона.
Од фудбалската репрезентација, во САД имаат големи очекувања, со оглед дека во тимот настапуваат Кристијан Пулишиќ, Сержињо Дест, Тимоти Веа, Јунус Муса, Вестон Меккени, Фоларин Балогун…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













