Килијан Мбапе на најдобар начин го започна престојот во Реал Мадрид. Веќе на официјалното деби, Французинот го постигна својот прв гол за „кралскиот клуб“. Ова се случи во финалето на Суперкупот на Европа против Аталанта, кое шпанскиот гигант го доби со 2-0.
По натпреварот, напаѓачот изрази желба да постигне 50 голови во текот на сезоната.
„Ова беше одлична ноќ, го чекав овој момент долго време – да го носам овој дрес и овој амблем, да играм за овие фанови. Ова е неверојатен момент за мене. Победивме, што беше важно, затоа што Реал секогаш треба да победува. Многу сум среќен, исто така и за постигнатиот гол. Ова е важно за напаѓач како мене. Поважно е што почувствував колку е убаво да играш во овој тим. Не можам да ги дочекам следните натпревари. Го имаме најдобриот играч на секоја позиција. Ми се допаѓа составот што го имаме. Сѐ уште ќе се подобруваме, а тоа важи прво за мене. Но, многу беше важен првиот чекор,“ изјави Мбапе.
Светската фудбалска јавност очекува тој да постигне над 50 голови.
„Ние сме Реал Мадрид и немаме лимити. Ако се 50, нека бидат 50. Но најважно е да победуваме како тим. Само така ќе напредуваме. Се надевам дека ќе прославам уште многу голови со овој дрес“, додаде Французинот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski