Connect with us

Бешикташ сакал да го купи Киеза, но кога слушналe колку бара плата…

Потпретседателот на турскиот гигант Бешикташ, Хусеин Јукел, потврди дека клубот покажал интерес за играчот на Јувентус, Федерико Киеза, но изјави дека се откажале поради неговите „нелогични“ финансиски барања.

Фудбалерот не е во плановите на тренер Тијаго Мота за сезоната 2024/25 и се очекува да го напушти тимот од Торино во текот на летото.

Раководството на Бешикташ го разгледало евентуалното ангажирање на 26-годишниот Киеза, но веќе се насочило кон нови цели. Според Јукел, Италијанецот барал плата од околу 9 милиони евра по сезона.

„Точно е дека разговаравме за Федерико Киеза пред десетина дена. Но, играчот има очекувања за годишна плата од околу 9 милиони евра, во комбинација со желбата на Јувентус за трансферна сума од околу 15 милиони евра. Барањата се нелогични и не можеме да ги исполниме. Затоа овој играч веќе не претставува интерес за нас. Интересите на клубот се поважни од имињата на фудбалерите“, изјави потпретседателот на Бешикташ за италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“.

Неодамна, Бешикташ потпиша со друг италијански репрезентативец, Чиро Имобиле, кој дебитираше со два гола во убедливата победа од 5:0 против големиот ривал Галатасарај во натпреварот за Суперкупот на Турција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови