
Раководството на Барселона сака да се раздели со Ансу Фати, открива катаконскиот весник „Спорт“. Главната причина за ова е обидот на клубот да ги намали трошоците за плати. Во моментов, 21-годишниот Фати е повреден, што може да претставува пречка за потенцијален трансфер ова лето.
Сепак, Фати ќе направи сè што е можно за да се рехабилитира пред крајот на август, а неговите агенти веднаш ќе се обидат да договорат позајмица во друг клуб.
Севилј покажува сериозен интерес да го ангажира играчот на позајмица.
Доколку Фати се пресели на стадионот „Рамон Санчес Пижуан“, Барселона може да продолжи да му исплаќа дел од платата.
Во сезоната 2023/24, Ансу Фати играше на позајмица во англискиот премиерлигаш Брајтон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
