Турскиот Фенербахче со пораз од 2-1 се враќа од гостувањето во Лил, во првиот меч од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот на Жозе Мурињо не издржа до крај, откако Едон Жегрова постигна победнички гол за Лил во 91.минута од мечот.
Ирхан Кахвечи од слободен удар погоди за Фенербахче во 80.минута и израмни на 1-1, а Лил поведе уште во 12.минута со голот на Тијаго Сантош.
Динамо Киев и Ренџерс одиграа 1-1, идентичен беше резултатот и на дуелот Спарта Прага – ФЦСБ, а Малме и ПАОК ремизираа 2-2. Лудогорец славеше на гости против Карабах со 1-2.
Митјиланд обезбеди два гола предност (2-0) во дуелот со Ференцварош, со головите на Букса и на Франкулино. Салцбург има предност од 2-1 против Твенте по првиот дуел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













