
Одлуката на Јувентус да се раздели со Федерико Киеза значи дека клубот ќе направи сè што е можно за да го ослободи уште ова лето. Новиот тренер Тиаго Мота дури и јавно изјави дека италијанскиот репрезентативец не е во неговите планови за новата сезона.
Сето ова логично доведува до намалување на цената на напаѓачот, кој исто така е во последната година од договорот со тимот, што дополнително ги ограничува „бјанконерите“ во желбата да добијат што е можно повисока цена.
„Калчомеркато“ пресметува дека Јувентус не може да си дозволи да го продаде Киеза за помалку од 14,9 милиони евра, бидејќи тоа би значело дека клубот ќе биде на нето загуба од него. Ова е многу помалку од барањето на клубот на почетокот на летото од 25-30 милиони евра.
Јувентус го доведе Киеза од Фиорентина во 2020 година – првично на позајмица за 12,6 милиони евра со обврска да го откупи две години подоцна за дополнителни 44,6 милиони евра. Во овој период самиот фудбалер добива плата од 5 милиони евра.
Заедно со напаѓачот, Мота се откажува од уште седум-осум фудбалери и останува да видиме колку од нив навистина ќе си заминат од Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
