Манчестер Сити го победи Челси со 4-2, а Халанд со хет-трик најави дека и во новата сезона ќе биде гол – машина. Ливерпул со 3-0 го победи Манчестер Јунајтед на премиерлигашките дуели кои се одиграа на подготвителната турнеја во САД.
Халанд погоди од пенал за водство од 1-0 веќе во првата минута, а веднаш потоа постигна уште еден по грешка во одбраната на Челси.
По десет минути игра во вториот дел Боб постигна гол за предност на Манчестер Сити и од 3-0, аеќе во следната минута беше 4-0, со третиот погодок на Ерлинг Халанд.
Челси преку Стерлинг и Мадуеке намали за конечни 4-2.
Ливерпул со 3-0 го совлада Манчестер Јунајтед. „Црвените“ поведоа уште во десеттата минута со голот на Карваљо.
На 2-0 зголеми Џонс по асистенција на Салах во 36. минута од натпреварот, а Цимикас го постави конечниот резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













